
Започна реализацијата на проектот „Унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата“ под наслов „Разбуди се себе, разбуди го своето училиште“, проект финансиран од Министерство за образование и наука.
Со особена гордост информираме дека нашето училиште освои прво место на конкурсот и официјално ја започна реализацијата на проектните активности.Првата активност е успешно спроведена, под наслов:„Редуцирање на анксиозност преку ликовно и графичко изразување“, каде учениците имаа можност преку креативен израз да ги препознаат, изразат и ослободат своите емоции, со посебен акцент на меѓусебното разбирање, прифаќање и толеранција во мултиетничка средина. Проектот е изработен од Каролина Јовеска – ментор, во соработка со стручната служба и професорката Елиф Канзоска.
Со овој проект продолжуваме посветено да градиме училишна средина која промовира емпатија, заедништво и почитување на различностите.