Голем успех на нашиот ученик Зоран Илијоски – бронзен медал на Јуниорската балканска олимпијада по информатика

Нашиот ученик Зоран Илијоски постигна уште еден извонреден меѓународен успех, освојувајќи бронзен медал на 19. Јуниорска балканска олимпијада по информатика (JBOI 2026), која од 22 до 28 септември 2026 година се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.

Зоран, како член на јуниорската репрезентација на Македонија, се натпреваруваше во меѓународна конкуренција од 55 натпреварувачи од 13 земји, уште еднаш потврдувајќи го својот талент, знаење и посветеност.

Овој успех е уште позначаен ако се земе предвид дека за Зоран ова е трет меѓународен медал во текот на оваа година. Претходно, Зоран освои бронзен медал на Јуниорската балканска математичка олимпијада во Бузау, Романија, како и бронзен медал на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Каунас, Литванија.

Три меѓународни олимпијади и три медали во една година претставуваат исклучителен резултат и потврда за неговата континуирана работа, упорност и љубов кон математиката и информатиката.

Горди сме што Зоран е наш ученик и што со своите успеси достојно го претставува нашето училиште и Македонија на најзначајните меѓународни натпревари за млади таленти.

Му честитаме на Зоран и нему и на сите наши ученици им посакуваме уште многу успеси и медали во иднина!

 

Сликата е преземена од porta.mk

Pin It

Печати   Е-пошта