Со голема гордост ги истакнуваме нашите ученици кои учествуваа на Државниот натпревар ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ МАССУМ кој се одржа во Богданци на 23.04.2026 г. и 24.04.2026 г. и достојно го претставија нашето училиште во три категории: социјален бизнис модел, интервју за работа и соло пеење. Особено сме горди на постигнатиот успех - освоено трето место за најдобар социјален бизнис модел, што е резултат на нивната посветеност и тимска работа. ![]()
![]()
![]()
Најдобар социјален бизнис модел:
Евгенија Димитриоска
Вероника Степаноска
Анастасиа Арсоска
Ментор: Христина Кузманоска
Соло пеење:
Андреј Дуртановски
Стефанија Миноска
Ментор: Горан Делевски
Интервју за работа:
Јана Матеска
Ментор: Нела Митреска
Честитки до наградените, учесниците и нивните ментори! Овој успех е само поттик за уште поголеми достигнувања во иднина.

